Почетна / Телевизија / Разговараме со мајката на “македонскиот Осман”

Разговараме со мајката на “македонскиот Осман”

Лука Алексиќ: “Сега те разбирам мамо зошто си толку уморна по ваква сработена работа…”


 

Новата серија на Сител телевизија, “Бурни времиња”, ги урива сите рекорди на гледаност. Приказната која ја раскажува серијата ги расплаче сите гледачи, а малиот Осман е оној што ги освои сите. Младиот турски актер кој го глуми овој лик е најслаткото дете што некогаш се појавило на телевизија, се вели во честите коментари на илјадниците гледачи, но македонската публика дефинитивно нема да го доживееше Осман на ист начин доколку екипата на Сител во сето ова не го вмешаше малиот и талентиран Лука Алексиќ. Тој е син на актерката Билјана Беличанец – Алексиќ, а моментално го позајмува гласот на главниот лик од потресната драма “Бурни времиња”. Посетителите на ТВ Пакет постојано се интересираат за младото момче, па затоа ја замоливме Беличанец накратко да ни раскаже како нејзиниот син ја добил улогата на македонскиот Осман и колку тој ужива во својата работа.

 

 

– “Лука беше едно од децата кое најрегуларно си беше на кастинг во Сител за малиот Осман. Тој имаше желба да се испроба, но јас од дома го подготвив и за негативен исход и дека не треба да се разочарува доколку не помине, дека сепак се работи за многу сериозен и одговорен ангажман.”

Со денови Лука чекал повратен одговор за на крајот да се помири со тоа дека улогата не била судена за него, продолжува да раскажува актерката која моментално и го позајмува гласот на Хурем во “Величествениот”.

– “Поминаа десетина дена од пробното снимање и сеуште немавме никаков одговор и полека тој се помири дека не му е судено. Но кога ни се јавија и кога ни кажаа “честито”, тој се израдува, но и загрижи дали навистина ќе може да го исполни очекуваното”.

 

 

Гледачите зачудено коментираат, фасцинирани се од талентот на малиот Лука, а за неговата успешна работа свесна е и мајка му, еве што таа додаде во изјавата за ТВ Пакет:

– “Мораме да признаеме дека е дури и повеќе од очекуваното. Сепак е Лука едно многу емотивно момче, кое и самото следејќи ги сцените при снимање не останува рамнодушен на она што го гледа. Така тој со нас го споделува неговото лично внатрешно чувство преку пишаните реплики на ликот Осман. Лука е музикално момче, па и не му е така тешко да прими совети во однос на бојата или расположението при говорење”.

 

Осман го стави Лука во позиција да сфати дека работата на неговата мајка не е едноставна како што изгледа.

– “После првиот термин на синхронизација, возејќи се накај дома ми рече: “Сега те разбирам мамо зошто си толку уморна по ваква сработена работа, ова и не е така лесно”, како и да е, секојдневните позитивни реакции кои стигнуваат до него, нас како родители, се стимулација плус за и понатаму да го задржи посветениот однос кон задачата.”

 

За крај, екипата на ТВ Пакет и посетителите на овој сајт добија еден искрен поздрав каков што само може да испрати малиот Осман, односно Лука Алексиќ!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!