Почетна / Забава / Ристеска и Билбилов во хумантарна акција

Ристеска и Билбилов во хумантарна акција

 

Вчера, по повод  новогодишните празници беше организирана  хуманитарна иницијатива во којашто беа вклучени личности од македонската естрада – пејачката Елена Ристеска и Роберт Билбилов. Тие беа дел од претставувањето на проектот „Зошто сум во болница“, со тоа што заедно со волонтерите го посетија одделот за онкологија во детската клиника и покрај посакуваното новогодишно пакетче им ја подарија и својата прекрасна насмевка.

 

 

Проектот „Зошто сум во болница“ настана во 2012 година, благодарение на соработката  меѓу познатата издавачка куќа „Едукативни проекти – Џунти“  од Италија и Италијанскиот Мулти-информативен центар во Скопје, за време на „Италијанска пролет на книгата“, културна манифестација во склоп на Cаемот на книга во Скопје.

 

 

„Во 2013, книгата “Зошто сум во болница“ беше преведена на македонски, албански и турски и почна бесплатно да се дистрибуира низ оддели од детската клиника при поликлиниката Мајка Тереза. Оваа книга е многу важен придонес кон сеопфатната грижа на децата во болница, коишто се сигурно најизложени на притисоци од психолошка природа и за коишто болницата е најчесто трауматично искуство. Се работи за книга-игра којашто на смирувачни начин им објаснува на децата (на возраст од 5 до 10 години) што се случува во болницата, на приемчив, природен начин им ги опишува болничските постапки и третманите на кои се подложи, им зборува за нивните права и за должностите, со што ги внесува во случувањата и ги прави активни во процесот на оздравување или подобрување на психо-физичката состојба. Веќе една година, благодарение на бесценетата поддршка од страна на Швајцарската Амбасада во Македонија, којашто го финансираше проектот, и благодарение на неодминливата соработка со Црвен крст Центар, којшто ни ги стави на располагање своите волонтери и инвното долгогодишно искуство во хуманитарна помош, успеваме во бројни оддели од клиниката да внесеме насмевки и утеха. И можеби повеќе од тоа. Се надеваме дека со оваа иницијатива ќе овозможиме продолжување на овој проект бидејќи  примероци од книгата „Зошто сум во болница“ е при крај.“

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!