Почетна / Забава / Романтично енергичен викенд во Експо Центар

Романтично енергичен викенд во Експо Центар

 

Експо Центар најавува романтично енергичен викенд на своите посетители, кога на сцената во петок свој концертен настап ќе одржи најдобриот македонски поп бенд на сите времиња Нокаут и ќе предизвика вистинска магична романтика за оние кои го прославуваат денот на вљубените.

Безвременските: Би се викал те сакам, Илјада причини за крај, Знаеш каде да ме најдеш, Мене ми припаѓаш и последниот сингл Да си тука вечерва, ќе бидат само дел од репертоарот на Нокаут во петок. Влезниците по суперпромотивна цена од 200 денари се веќе пуштени во претпродажба во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе Веро2 и Супер Тобако Лептокарија, а на највљубените Експо Центар им овозможува дуплекс карти по цена од 300 денари. Вечерта на самиот концерт на вратата на Експо влезниците ќе чинат 250 денари.

 

 

Прославата на денот на љубовта и виното со Нокаут ќе започне во петок на полноќ, а веќе за сабота Експо Центар им најавува енергично доживување на скопјани со поранешниот фронтмен на легендарните Андерворлд, лондонскиот суперстар диџеј Дарен Емерсон. Тој важи за еден од најреволуционерните диџеи на денешницата кој својата професионална кариера ја почна уште на 14-годишна возраст со миксови на хипхоп-песни, а две години подоцна стана резидент-диџеј во локалните клубови. Со Андерворлд го направија големиот хит „Борн Слипи“, кој се најде на саундтракот за филмот „Трејнспотинг“ на Дени Бојл. Емерсон беше вклучен и во ремикс-изданија на интернационални изведувачи, меѓу кои се Кемикал Брадрс и Бјорк. Неговата соло-кариера како диџеј и ремиксер му донесе многу успеси, а на Ибица, островот на забавата, има резервирано свои вечери за забава.

 

 

Влезниците и за овој настан се веќе пуштени во претпродажба на истите продажни места како за концертот на Нокаут, по цена суперпромотивна цена од 200 денари, во петок и сабота истите ќе чинат 250 денари. На вратата на Експо Центар  во сабота ќе изнесуваат 300 денари. 

Не пропуштајте да бидете дел од романтично енергичниот викенд во Експо Центар.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!