Почетна / Телевизија / Спектакуларно одржано седмото издание на фестивалот „МАРС 2014“

Спектакуларно одржано седмото издание на фестивалот „МАРС 2014“

 

Вчеравечер околу 20:30 часот старата добра Универзална сала во Скопје беше собиралиште на сите оние кои ја сакаат македонската музика, односно се случи седмото издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС. 

 

 

Многу познати фаци, многу ведри и насмеани лица желни за добра македонска музика, но и многу детски прегратки за големата ѕвезда на вечерта која тие со нетрпение ја очекуваа. Во пријатна и топла атмосфера се поделија многу награди, од најдобрите радио водители за најдобрите македонски пејачи. Водител на настанот беше секогаш насмеаната Марија Петровска, а водител во бекстејџот беше Ване Маркоски. 

 

 

Публиката уживаше во настапите на Нокаут, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Тамара Тодевска, Нина Бадриќ, Бојан Маровиќ, Кристина Арнадува и други, а сите од нив дома си заминаа со награда, еве ја комплетната листа:

Бета Хаус – Група со најголем подем во кариерата во 2014 година
Биба Додева – Балада на годината
Викторија Лоба и Дексо – Партнерство за хит за дует на годината
Димитар Андоновски – Најпопуларен радиски хит во 2014 година изведен од машки вокал
Сара Мејс – Најпопуларен радиски хит во 2014 година изведен од женски вокал
Нокаут – Најпопуларен радиски хит во 2014 година изведен од група
Тајзи – Најпопуларен радиски Ар’Ен’Би /Рап хит во 2014 година
Влатко Лозановски – Поп хит на годината 2014
Тамара Тодевска – Апсолутен радиски хит во 2014 година
Игор Џамбазов – Најдобар текст на песна во 2014
Јоце Панов – Највртена песна од македонски изведувач во Регионот за 2014

На Александар Митевски во рамките на наградата за Трајни вредности по повод јубилејот-70 години од ослободувањето на Скопје, му беше доделено признанието автор и изведувач на песна за Скопје, за песната „Мојот град“. Нашиот Х-фактор победник и евровизиски претставник на Евросонг 2015, Даниел Кајмакоски на МАРС2014 се здоби со титулата Идол на нацијата во 2014 година. Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ ги добија признанијата популарни Ѕвезди од регионот во Македонија.

 

 

Бојан Маровиќ сентиментално зборуше за неговиот прв солистички концерт во Универзалната сала, а Нина Бадриќ на шега им замери на Македонците што не ја канат почесто на гости. 

Сепак, покрај толку ѕвезди, најголемата ѕвезда беше најмалиот во публиката, односно детенцето што успеа да го привлече вниманието на Нина Бадриќ, да застане на сцената заедно со неа и да ја крене целата публика на нозе со своето играње.

 

 

 

Фото: Вистина.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!