Почетна / Забава / Евровизија / Србија на Евровизија

Србија на Евровизија

27/43

 СРБИЈА

Изведувач: Željko Joksimović
Песна: ‘Nije ljubav stvar’
2 Полуфинале (24/05/2012)


На евровизиските фанови и тоа како им е познат Жељко Јоксимовиќ. Во 2004-та година во Истанбул, Србија и Црна гора на чело со овој уметник заврши на второ место со неверојатната Лане моје, која важи за една од најдобрите песни некогаш пратени на Евровизија. Во 2006-та година се враќа како композитор на песната Лејла која ја изведе Хари Мата Хари за БиХ и заврши на третото место. Во 2008-та година кога центарот на Евровизија беше Белград тој и неговата сегашна сопруга Јелена се појавија како водители на настанот. Србија годинава очигледно играше на нивната проверена карта, па за свој претставник го одбраа повторно Жељко. Може да се рече дека ова беше најочекуваната песна за годинешнава сезона на Национални избори. Сите со нетрпение ја очекуваа и очекувањата изгледа се исполнија. Иако послаба од Лане моје, сметам дека оваа песна најверојатно ќе заврши во ТОП 5. Жељко се надева на победа, а што се однесува до мене, би бил радосен и да се случи, па одгодина конечно да бидам во центарот на збиднувањето, во Белград.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!