Почетна / Телевизија / Српски шунд наместо серии

Српски шунд наместо серии

 

 

Изненадувањата од Пинк 15 не престануваат, нормално во негативна смисла. Од понеделникот, 5-ти март оваа самонаречена македонска телевизија без никакво известување ги укина мексиканските серии “Силата на судбината” и “Двоен живот” како и турската серија “Мирисот на пролетта”. Зар треба да се спомене што се понуди како замена на овие серии? Тешко е да се погоди?

 

Зошто Пинк 15 не ги почитува и оние малку гледачи кои ги има и фанови на ваквите серии, кои изнервирани од ваквите одлуки, немаат каде да се обратат. Каде воопшто може да се информираме за програмата на оваа телевизија и со тоа и за промените во програмската шема? Најверојатно никаде. Програмата која излегува во дневните весници за Пинк 15 е стара повеќе од 1 месец, а програмата која ја има на Бум ТВ водичот е стара повеќе и од 6 месеци, згора на тоа напишана е на српски јазик. Најава на програмата на самата телевизија не ни постои. Она за кое досега критикувавме и дебатиравме е лошата програма која ни ја понуди оваа телевизија, а која се состои од српски шунд емисии, српски шунд песни, српски играни филмови и репризи на хрватски серии прикажани во Македонија пред повеќе од 5 години. Кога ќе го тргнеме тоа на страна, единственото добро нешто кое се прикажуваше на оваа телевизија се латино-американските серии, кои националните македонски телевизии веќе ги заборавија. Колку е укинувањето професионално и колку со тоа го зголемија гневот и на малкуте нивни гледачи, не веруваме дека ни самите тие знаат, но барем истите гледачи заслужуваат нивните серии да бидат прикажани до крајот. Во најмала рака, заслужуваат одговор.

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!