Почетна / Серии / Турската серија „Сила“ наскоро на Сител телевизија

Турската серија „Сила“ наскоро на Сител телевизија

 

„СИЛА“
наскоро на Сител телевизија

 

Турската хит серија „Сила“ за која пишувавме пред неколку месеци поради тоа што ги собори сите рекорди на гледаност во Хрватска и останатите земји од Балканот, наскоро ќе започне да се емитува и на Сител телевизија, официјално ја пренесуваме оваа информација добиена од блиски извори до Сител.

 

 

Главната женска улога ја одигра Џансу Дере, позната по своите улоги во „Езел“ и „Величествениот“, додека главната машка улога му припадна на Мехмет Акиф Алакурт, актер кој важи за еден од најубавите мажи во Турција и за чија популарност веќе пишувавме.

 

 

Приказната за љубовта заробена во оковот на застарените обичаи има вкупно 79 епизоди. Во прилог се неколку фоторгафии од серијата и синопсисот.

 

 

„Сила“ е љубовна турска новела која зборува за судирот на традицијата и модерното време. Дејството на серијата се одвива во Мардина, град во југоисточна Турција кој е познат по арапската архитектура. Улогата на Сила ја толкува познатата Џансу Дере, а во главната машка улога настапува турскиот модел и актер Мехмет Акиф Алакурт.

 

Сила е родена во беда и сиромаштија, но израснала во богатство и луксуз, посвоена од фамилија која многу ја сака, тие ја школувале во најдобрите школи во Истанбул. Еден ден, Сила се запознава со биолошката фамилија која никогаш дотогаш не ја познавала. Нејзиниот татко се појавува пред неа и под изговор дека мајка и е болна, ја носи Сила во селото каде живеат. Сила е среќна што ја нашла својата вистинска фамилија, но не знае што ја чека во селото. Таму владеат строги обичаи и закоравена традиција кои се сосема непознати за младата девојка што израснала со модерни сфаќања. Во селото, Сила е приморана да се омажи за Боран, поглавар на племето чија сестра избегала со братот на Сила па според традицијата ќе мора да дојде до размена на младенците.

 

 

Да го спаси животот на својот брат, Сила се жртвува и се мажи за човек кој не го познава. По свадбата, таа почнува да живее во големата куќа кај својот сопруг, Боран ага. Станувајќи робинка на немилосрдната традиција, Сила планира бегство од големата куќа, но постепено сфаќа дека се вљубува во својот сопруг Боран.

Улоги: Cansu Dere, Mehmet Akif Alakurt, Zeynep Eronat, Menderes Samancılar, Fatoş Tez, Fatoş Sezer, Muhammed Cangören, Kartal Balaban…

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со реприза на данската крими серија „ДНК”

Истражителот од Кпенхаген, Ролф Ларсен, е во потрага по киднапирана девојка со необична бенка на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!