Почетна / Сапуници / „Украдени љубови“, нова мини серија од Бразил

„Украдени љубови“, нова мини серија од Бразил

УКРАДЕНИ ЉУБОВИ
 
Новата Глобова мини серија, базирана на романот “A Emparedada da Rua Nova”, започна вчера со прикажување во вечерниот термин. Во главните улоги настапуваат; Cauã Reymond, Murilo Benício, Ísis Valverde, Patricia Pillar и др.

Кратка содржина:

Иако е роден во џунгла, младиот Леонардо Дантес е прав дон Жуан. Млад, убав, интелигентен и вистински женкар, Леонардо со своите неодоливи усни не испробува само црвено вино, туку и женски усни. Многу женски усни! Уметноста на заводувањето ја има научено од својата мајка Каролин, жена со мрачно минато која завела многу мажи. 
Посебна слабост за Леонардо се мажените жени, како Исабел Фавијас и Селесте Кавлканти. Нивен љубовник во долгите и врели ноќи, а пријател на нивните мажи преку ден.
Леонардо ќе ја запознае младата и преубава Антонија, ќерка на неговата љубовница Исабел и тогаш ќе се промени се.

 

 Бергер|ТвПакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според Телма „наскоро” ќе започне серијата која веќе им започна

Во стандардниот термин од 13.45 часот, Телма телевизија започна со емитување на најновата хит теленовела. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!