Почетна / Серии / Уште една босанска серија на Телма

Уште една босанска серија на Телма

 

По „Таткото и зетовите“ и „Службена верзија“ кои се даваа изминативе месеци, на Телма доаѓа и трета босанска серија „Облаците патуваат за Итaлија“. Серијата е снимена во 2010. година и има 16 епизоди, а на Телма ќе се емитува секоја сабота и недела од 20 часот, почнувајќи од оваа сабота на 26. јануари. Музиката на серијата е на Ивица Рожич, сценариото на Надја Костиќ, а режијата на Богољуб Ковачевиќ. Серијата зборува за еден човек, кој откако ја загубил сопругата во сообраќајна несреќа, решава да се погрижи за своето семејство и да го чува околу себе. Дрога, секс, убиства и криминал се дел од оваа серија чие дејство се одвива во сараевското подземје. Во главните улоги настапуваат Љубиша Самарџиќ, Ромина Витасовиќ, Хасна Захировиќ и Борис Југо.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со реприза на данската крими серија „ДНК”

Истражителот од Кпенхаген, Ролф Ларсен, е во потрага по киднапирана девојка со необична бенка на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!