Почетна / Сапуници / Фото | Турската убавица Нихал од „Бурни времиња“

Фото | Турската убавица Нихал од „Бурни времиња“

 

Во најновите епизоди на турската хит серија „Бурни времиња“ што се емитува на Сител се случува вистинска бура, а тие бурни моменти ги предизвика еден особено интересен лик во приказната.

 

 

Нејзиното име е Нихал, во серијата се појавува како хигиеничарка во клубот кадешто свири Мете, работи таму се додека нејзиното семејство не ја продава на богат и постар маж. Во меѓувреме, Мете се вљубува во неа, па прави се за да ја оттргне од нејзиниот сопруг. Тој, ја лажира нејзината смрт за да ја има само за себе, но Мете дознава за тоа и повторно влегува во неволја. Нихал и Мете побегнуваат, а бегајќи го убиваат сопругот на Нихал. Полицијата ги приведува двајцата, а за време на сведочењето секој од нив се обвинува себеси за да го заштити другиот. Откако сведокот ја открива вистината за тоа кој е убиецот на сопругот на Нихал, пред полициската станица се случува вооружена пресметка во која Нихал е повредена…

 

 

Ликот на Нихал е толкуван од младата и убава турска актерка со специфично име и презиме Турку Туркан. Во прилог се фотографии од неа.

 

{gallery}122012/turkan{/gallery}

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според Телма „наскоро” ќе започне серијата која веќе им започна

Во стандардниот термин од 13.45 часот, Телма телевизија започна со емитување на најновата хит теленовела. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!