Почетна / Сапуници / Хероините од шпанските серии – некогаш и сега

Хероините од шпанските серии – некогаш и сега

 

Џемиле, Ифет, Назли, Јасмин, Хурем, денешните телевизиски хероини изгледаат и звучат многу поинаку од оние во минатото. Ако денес гледачите им се одушевуваат на главните актерки од турските серии, кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те години ситуацијата беше поинаква, тогаш целото внимание им беше посветено на егзотичните убавици. Касандра, Есмералда, Росалинда, Паулина, Есперанса, ги помните ли? Ајде да видиме како изгледаат денес телевизиските хероини од минатото.

 

 

Џемиле, Ифет, Назли, Јасмин, Хурем, денешните телевизиски хероини изгледаат и звучат многу поинаку од оние во минатото. Ако денес гледачите им се одушевуваат на главните актерки од турските серии, кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те години ситуацијата беше поинаква, тогаш целото внимание им беше посветено на егзотичните убавици. Касандра, Есмералда, Росалинда, Паулина, Есперанса, ги помните ли? Ајде да видиме како изгледаат денес телевизиските хероини од минатото.

 

Летисија Калдерон, за сите нас позната како слепата девојка Есмералда, денес на 48 години изгледа токму како на фотографијата. Како актерка е сеуште активна, а последната теленовела во којашто глумеше е снимена годинава и се вика „Amor Bravio“. Македонската публика ја запозна преку серијата „Есмералда“ којашто беше снимена во 1997. година. Кај нас се емитуваше на Прва.

 

Едит Гонзалез, една од најистакнатите актерки во латино-американскиот свет. Македонците ја запознаа како Есперанса во серијата „Никогаш нема да те заборавам“ снимена во 1999. година што се емитуваше на Прва. Години подоцна, се појави во „Саломе“ на А1, и во „Свет на ѕверки“ и „Дона Барбара“ на Сител. Гонзалез денес има 47 години, а последната теленовела што ја сними годинава е наречена „A Corazon Abierto“.

 

Габриела Спаниќ, актерка со хрватско потекло што долги години беше присутна на македонските телевизиски канали. „За твојата љубов“ (Прва), „Злобничка“ (Скај нет), „Одмаздничка“ (Скај нет), „Затвореничка“ (МТМ), „Земја на страсти“ (Сител) и „Твоја сопственичка“ (Пинк 15-) се сериите што од Габриела Спаниќ направија мегаѕвезда на Балканот. Денес на 38 години изгледа како вистинска секс-бомба. Последната теленовела што ја сними годинава се вика „La Otra Casa del Alma“.

 

Талија, име што значи многу за латино-американскиот свет и пошироко. Оваа мегаѕвезда и некогашна мексиканска секс-бомба е активна на сцената уште од 1981. година. Повеќе позната како пејачка, а помалку како актерка, Талија (41) го освојува целиот свет со својата несекојдневна харизма и убавина. Во Македонија се слушаше за неа уште пред наливот на шпанските серии благодарение на радио станиците. Нејзиниот голем хит Росалинда се вртеше по радиата уште пред Македонската телевизија да ја откупи серијата „Росалинда“. Публиката на овие простори, Талија како актерка ја познава само од споменатата серија, но уникатната приказна беше доволна за нејзиното име никогаш да не биде заборавено. Додека Прва ја емитуваше „Росалинда“, печатените медиуми правеа бизнис со Талија на насловните страници, а популарен беше и нејзиниот партнер од серијата Фернандо Кариљо, што тогаш важеше за еден од најсексипилните мажи на планетата. Оваа серија беше снимена во 1999. година, а се бележи како последна во актерската кариера на Талија. Пејачката и се посвети на музичката кариера, а потоа и на своите две дечиња со сопругот Томи Мотола. На 19. ноември годинава Талија ќе го издаде својот 11-ти студиски албум.

 

Анџи Сепеда, прво ја запознавме како Луз Марија, а потоа и како Фиорела во истоимените серии. Има 38 години и е особено активна во филмскиот свет. Последната теленовела што ја сними комбијската актерка годинава се вика „Exposados“.

 

Кораима Торес, многумина би рекле дека „со неа започна се“, мислејќи на увезувањето на шпанските серии во Македонија, но тоа не е вистина. Во Македонија латино-американски серии беа увезувани и пред „Касандра“, само што оваа неочекувано се претвори во мегахит и затоа се смета како „виновник“ за наливот од шпански серии што се случуваше десетина години подоцна. Во податоците од минатото стои дека за време на емитувањето на оваа серија, во Македонија и сообраќајот бил замрзнат, а продавниците биле преполни со „дрангулии“ за фановите на серијата. Последната теленовела што Торес ја сними годинава се вика „Cinco Viudas Sueltas“. Актерката денес има 39 години.

 

Џована Антонели, прекрасната Жаде која никогаш нема да се заборави. Португалската серија „Клон“ што се емитуваше на А1 се смета за една од најгледаните серии во Македонија на сите времиња. Во периодот кога се емитуваше оваа серија, печатените медиуми продаваа постери со ликовите од „Клон“. Џована Антонели денес има 38 години. Од 2001. до 2005. година беше во врска со Мурило Беничио, познат како Лукас од „Клон“. Актерката подоцна ја видовме и во серијата „Куќа на седум жени“ што се емитуваше на Сител. Антонели годинава ја снимаше серијата „Salve Jorge“.

 

Наталија Ореиро, најпосакувана Аргентинка во Македонија. А, ако да не биде, кога е толку прекрасна и кога македонските телевизии се погрижија да ги погледнеме речиси сите нејзини теленовели. Почнувајќи со „Топ модели“ на Прва, Наталија Ореиро веднаш стекнува огромен број симпатии што ги отвора вратите за секој нејзин нареден телевизиски проект. А1 ги откупи „Богати и славни“, „Дивиот ангел“ и „Качора“, а тоа допринесе Ореиро кај нас да се прослави и како пејачка. Во периодот кога се емитуваше мегахитот „Дивиот ангел“, песните отпеани од Наталија Ореиро што ја поддржуваа серијата станаа вистински хитови кај нас. Последна емитувана телекомедија со Наталија Ореиро во Македонија е „Ти си мојот живот“ и тоа на Алсат-М со албански превод. Актерката денес има 35 години, а неодамна закажа снимање на теленовела во 2013. година наречена „Solamente vos“.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според Телма „наскоро” ќе започне серијата која веќе им започна

Во стандардниот термин од 13.45 часот, Телма телевизија започна со емитување на најновата хит теленовела. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!