Почетна / Забава / Цеца го вееше македонското знаме и заплака на „Зајди зајди“

Цеца го вееше македонското знаме и заплака на „Зајди зајди“

 

Спектакуларен концерт беше одржан вечерва во преполната арена „Борис Трајковски“ со кралицата на балканската музика Цеца и нејзините фанови што во еден глас ги пееја сите нејзини хитови!

 

Спектакуларен концерт беше одржан вечерва во преполната сала „Борис Трајковски“ со кралицата на балканската музика Цеца и нејзините фанови што во еден глас ги пееја сите нејзини хитови!

 

 

Долго време се полнеше салата, а долго се чекаше и да излезе Цеца. Публиката до 23 часот беше забавувана од бендот Либеро, а кога излезе онаа за која сите дојдоа цела публика стана на нозе. Цеца испеа повеќе стари хитови, но се задржа и на оние од новиот албум. Во еден момент таа доби македонско знаме од публиката и го стави врз себе, публиката ја поздрави со громогласен аплауз. На крајот како што беше очекувано ја отпеа нашата „Зајди, зајди“ и заплака на неа. Социјалните мрежи се преполни од фотографии од еден од најдобрите концерти одржан годинава. Цеца направи вистинска предновогодишна забава!

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!