Почетна / Забава / Што ќе понуди книжарница Три за 23 април, Денот на книгата?

Што ќе понуди книжарница Три за 23 април, Денот на книгата?

 

Саботна забава со книга во рака

 

 

Светскиот ден на книгата е голем празник за сите нас што живееме со книгите и за книгите. Денот што во Каталонија се прославува со прошетка низ улиците со книга во рацете, во ТРИ ќе го одбележиме со ширум отворени врати за читателите и промотивни, празнични цени на сите наши изданија. Сабота, 23 април, Градски трговски центар & Дебар маало.

 


 

Еден од многутте новитети на Три е „Сакајте се себе до совршено здравје“ од Лујза Хеј. Едноставен и моќен систем за лекување на телото, умот и душата кој ви дава едноставни рецепти и ви открива што значи здрава храна, решавајќи ги забуните за делотворноста на диетите.
„Сакајте се себе до совршено здравје“ ве учи да го сакате своето тело и да ги слушате неговите пораки. Зашто здравјето започнува со нашите мисли.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!