АБ Канал затворена со зурли и тапани
Бојо Андревски со голема забава ја затвори АБ Канал, јавува Прес24. Од фотографиите кои се појавиле на социјалните мрежи може да се види дека крајот на телевизијата е одбележан во неочекувано весела атмосфера. Триесетина вработени во АБ биле изненадени кога добиле покана за присуство на забавата што се одржала во просториите на телевизијата. Секој од нив добил благодарница за досегашната соработка.
Martin M. | ТВ Пакет