Ава Карабатиќ минатиот петок заврши во психијатриска болница!
Иако многумина помислија дека се работи за некој голем проблем, и оти таа е задржана на надгледување, учесничката од „VIP Survivor“ демантираше се. „Имав проблеми со спиењето после шоуто и ми требаше совет и некакви таблети што ќе ме доведат во ред. Тоа што луѓето кај нас живеат во петти век и мислат дека си за во лудница ако побараш совет од психијатар или психолог, не сакам да го коментирам. А и на крајот, сите знаат дека јас сум многу луда, па оваа вест и не би требало да биде сензација“, рече старлетата.
Сепак, симпатичната русокоса девојка откри дека нејзината несоница не е поврзана со Владо Вуксановиќ. „Тоа има врска со него колку што јас имам врска со менувањето на годишните времиња“, во свој стил изјави Ава.
Chris | ТВ Пакет