Дојде крајот и на оваа сезона од „VIP Survivor“, конечно дознавме кој ја заслужи наградата од 50.000 евра и епитетот „единствен преживеан“. Шоуто беше посветено на лицемерноста на учесниците, сите финалисти зборуваа отворено и признаа дека плански стигнале до целта. Но наградата отиде кај еден. Влада беше фаворит од самиот почеток на шоуто, тој и Милан добија по 5 гласа од „големиот совет“, за Никола гласаа само двајца, додека за Себастијан ниту еден. Сепак на крај публиката беше таа што одлучи, а нивната одлука беше слатката Ава да го даде последниот збор, и таа го стори тоа. Нејзиниот миленик Влада е „единствениот преживеан“, нека му е со среќа!
Chris | ТВ Пакет