Научна фантастика уште еднаш на МТМ телевизија
Ова лето на Скопска МТМ телевизија започнува репризното емитување на австралиската научнофантастична серија “Бегалци низ бескрајот”. Серијата е финансирана од компаниите на Џим Хенсон, Халмарк Ентертејнмент и СФ Канал, креирана од Рокне С. О’Банон и Брајан Хенсон, а извршен продуцент е Дејвид Кемпер.
За прв пат емитувана во 1999 година, а завршила со снимање во 2003 година, кога била укината поради високи трошоци. За да не се остават гледачите без завршеток, следната година, 2004та снимено е продолжение, мини серијата “Фарскејп – војната на миротворците”.
Приказната го следи астронаутот Џон Крајтон, кој благодарение на неговиот експеримент за тестирање на забрзувањето на вселенинските летала, ќе се најде во друга галаксија. На новото место и во новиот простор, тој ќе најде заштита на биомеханичкиот брод Моја, но тука се Миротворците и Скараните, две негативни милитаристички сили кои навестуваат низа авантури, препирки и борба за власт во Галсаксијата.
Улогите ги толкуваат Ben Browder, Claudia Black, Virginia Hey, Anthony Simcoe, Gigi Edgley, Paul Goddard, Lani Tupu, Wayne Pygram, Jonathan Hardy и др. Серијата на скопската МТМ ќе се репризира од понеделник до петок во 18.30 часот и 23.45 часот.
Дани | ТВ Пакет