Почетна / Забава / Авторот на најголемите хитови, Џон Њуман, за првпат во Скопје

Авторот на најголемите хитови, Џон Њуман, за првпат во Скопје

 

John Newman- од скромно момче, до човек кој ги соборува сите рекорди во музиката

 

 

John Newman, англиската соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата, за прв пат ќе настапи на 21 јуни во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“.

Во својата кратка, но исклучително успешна кариера, John Newman запиша импресивен број на хитови- солистички и како соработник со други артисти. Неговата кариера почнала уште во тинејџерските години, а ескалираше со песната „Feel the love“ со бендот Rudimental, каде постигна светска слава, додека неговиот дебитантски албум, насловен „Tribute“ се искачи на врвот на британската топ листа на албуми и доби платинесто издание.

Еден од најпопуларните музичари на денешницата, John Newman, со секоја нова песна не се симнува од светските топ листи, а во Скопје доаѓа на крилја со новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо.

Моќниот соул вокал стои позади некои од најголемите хитови на денешницата како што се: „Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“, „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“, најновата „Give Me Your Love“ на која соработува со Nil Rogers и Sigala, како и соработката со Rudimental со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“ или ултрапопуларната „Blame“ со Calvin Harris со која ги освои светските топ листи. Сите синглови заедно бројат речиси милијарда прегледи на YouTube, додека во последниве две години, Newman продаде 1.3 милиони примероци само во Велика Британија.

Големо влијание во неговата кариера имаат легендарните Otis Redding, Marvin Gaye и James Brown. Инаку, John Newman е многу повеќе од одличен пејач, бидејќи тој самиот ги пишува, продуцира, исполнува и ги ремиксира своите песни, пишува сценарија и режира видео спотови, а дизајнира и сопствена колекција, инспирирана од 1960-те години. 

Неговата животна приказна е искрена приказна за успехот, која го следи неговиот развој- од момче што потекува од англиска сиромашна населба, до човек со моќен вокал кој ги соборува сите рекорди во музиката. За себе вели дека не цели да биде голема ѕвезда, туку дека сака да пишува музика за себе и за другите, што е уште една потврда за неговата искреност и пoсветеност.

John Newman израснал во мала населба во англискиот град Јоркшир, со својот брат и самохрана мајка која го запознала со Motown и Stax, а на него влијаел звукот на Северниот соул што и денеска може да се забележи во неговата музика. John Newman уште од мал работел сам, на 14 години почнал да свири гитара и научил како се снима и продуцира, па дури и да биде диџеј, што всушност со диџејството и за прв пат се впуштил во музичките води. По студиите, John Newman се сели во Лондон и основа бенд, а додека работел во еден англиски бар, се спријателил со еден од членовите на Rudimental каде подоцна со песните „Feel The Love“ и „Not Giving In“ ја достигнува светската слава. Набрзо следи и неговиот прв самостоен сингл насловен „Love Me Again“, а брзо потоа и првото место на британската, но и на многу светски топ листи, вклучувајќи го и американскиот пазар.

John Newman во Скопје ќе се претстави со својот последен албум, насловен „Revolve“ кој е објавен кон крајот на минатата година и го наследи дебитанскиот албум „Tribute“ кој е продаден во платинесто издание и го претстави пред светот како вистинско поп освежување. Новиот албум настанал откако John Newman се преселил во Лос Анџелес минатата година, а престојот во САД го инспирирал уште повеќе да пишува и да создава нова музика.

Инаку, „Revolve“ има сосема нов концепт, емоции и стил. Тој е одважен, едноставен и моќен и инспириран од топлиот Лос Анџелес. Носи звук на скршено срце, но и љубов, слобода и возбуда и е полн со хитови што веќе ги освојуваат светските топ листи. Најавените синглови „Come And Get It“, „Tiring Game“ со легендарниот Charlie Wilson, диско синглот „All My Hear“, глам поп фанк песната „Lights Down“, емотивните „Love`s Gone“ и „Never Give It Up“…, се само некои од песните од новиот албум што совршено ја отсликуваат силната креативна фаза во која се наоѓа во моментов John Newman.

– Навистина ќе биде одлично да се чуе овој албум во живо- порачува John Newman, додавајќи дека дури на сцена ќе може да се види колку тој ја сака музиката и колку сака да ја изведува во живо.

Дваесетишест годишниот пејач е исклучителна поп ѕвезда, самиот ја пишува, пее, аранжира, свири и продуцира својата музика, но и ги режира своите видео спотови, одлучува за сценографијата на сцената каде што настапува и дизајнира сопствена облека за себе и својот бенд. Тој е еден од најпопуларните музичари на новата генерација, кој за кратко време од нежно момче од Северен Јоркшир, стана изведувач кој снима во студиото на Michael Jackson.

Покрај Скопје, John Newman ќе биде главен headliner на фестивалите Belgrade Calling (22.06) и Zagreb Calling (23.06), исто така во организација на Авалон продукција. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!