Текот на индиската серија „Огнови на љубовта“ не води никаде. Откако продукциската куќа одлучи дејството на серијата да го префрли 20 години подоцна, повеќето актери одбија да продолжат со работа на проектот. Со големи проблеми се соочија продуцентите обидувајќи се да ја задржат барем главната актерка, а кога успеаја во тоа, таа се разболе.
Имено, актерката Анкита Локханде што ја толкува улогата на убавата Арчана боледува од маларија. „Да, актерката има маларија во последните 10 дена и текот на серијата не води никаде.“, откриваат одговорните.
Изворите тврдат дека најновите епизоди од серијата се снимени без главниот лик, ниту продуцентите не знаат дали таа воошто ќе се врати на сетот. Исконтактирани се повеќе нејзини колеги кои изјавија дека не знаат ништо за актерката, нејзината здравствена состојба се чува како голема тајна.
Баже Николовски | ТВ Пакет