Минатиот понеделник во Струмица се одржа традиционалниот хуманитарен концерт организиран од Младинскиот совет. Целта беше единствена, забава и хуманост. Собраните средства беа наменети за градење на третиот по големина храм во Европа – Успение на Пресвета Богородица.
Ја занеме публиката, но и пејачите не останаа рамнодушни пред нејзиниот моќен вокал
Четиричасовното пеење и играње направи вистинска атмосфера на Велигденскиот празник. На сцената се појавија популарни ѕвезди како Каролина Гочева, Влатко Лозановски, Дани, Тони Зен, Македонските идоли и други. Но сепак, најголемото изненадување на вечерта пристигна токму од Струмица, кога дојде време да настапи 16-годишната Александра Јанева. Струмичаните ја поздравија со громогласен аплауз каков што никој друг не доби, а дека таа го заслужи тоа сведочи видеото подолу.
Chris | ТВ Пакет