Почетна / Телевизија / Алфа откупи три емисии од Пинк телевизија

Алфа откупи три емисии од Пинк телевизија

 

Во новата програмска шема на Алфа телевизија, освен мегапопуларната „Интернат“, теленовелата „Првата дама“ и естрадниот магазин „Таблоид“, ќе се најдат и нови три емисии кои доаѓаат од српска продукција, прикажувани на Пинк телевизија во Србија. Кои се трите емисии и за што се работи, прочитајте во продолжение.

1. „Кување и мување“ (Љубовно мени)
Четри дами во текот на четри дена ќе угостат еден ист господин. Со јадењето кое ќе го подготви домаќинката, тие ќе си ги разменат своите впечатоци и љубовни искуства. Џентлменот што од понеделник до четврток ќе ги испроба сите специјалитети што ги подготвиле дамите и откако со посетите ќе ги запознае, избира една од нив и ја води на вечера. Во овој реалити серијал, освен што ќе видиме многу гастрономски специјалитети, гледачите се сведоци и на разни начини на додворување затоа што актерите на овој серијал отворено се изјаснуваат еден за друг.

 

 

 

2. „Необјављене приче“ (Необјавени приказни)
Секоја епизода од серијалот е реконструкција на една животна приказна. Настаните се вистинити зашто се тоа приказни на гледачите.

 

 

 

3. „ДНК анализа“ (ДНК анализа)
Документаристички пристап на авторите кои врз основа на раскажувањата и озборувањата за семејните врски на познати и обични личности тргнуваат во потрага по вистината. Клучот за разрешување на мистериите и тајните на авторите на оваа емисија е ДНК анализата која не остава никакви сомневања. Барем така вели науката. Но, се разбира, понекогаш е тешко на вистината да и се погледне во очи.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!