Почетна / Сапуници / Алфа ја прекинува серијата „Прости ми“, на нејзино место „Судбина“

Алфа ја прекинува серијата „Прости ми“, на нејзино место „Судбина“

 

Од сега, “Судбина” секој работен ден во 18:15 часот

 

Алфа заврши со емитување на втората сезона од турската маратонска сапуница “Прости ми” која веќе една година се емитува на нивната програма во 18:15 часот. Дали Фериде ќе се спаси од бракот без љубов и ќе му се врати на Џунејт? Дали одмаздата на Тунџ против семејството Козан ќе ја погази семејната чест и ќе ги разруши семејните односи? Ќе можат ли Џемал и Бахар да се изборат против сите препреки?

Одговорите на овие прашања ги дава новата сезона, а дали воопшто ќе се емитува, останува неизвесно. Гледачите на серијата упатуваат прашања до ТВ Пакет дали ќе продолжи нивната омилена семејна драма, но таа што треба да даде одговор е Алфа телевизија.

 

 

Во терминот на “Прости ми” ќе се емитува турската серија “Судбина” која досега се емитуваше во 22 часот. Во продолжение потсетете се на првите случувања во “Судбина”:

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!