„АНГЕЛИ“
понеделник, 11 часот на Сител ТВ
Во новата епизода од „Ангели“ што ќе ја гледате во понеделник, ќе се запознаете со еден нов значаен лик, всушност лик кој на фановите на оваа серија им е добро познат од претходните сезони, но не на оваа возраст. Имено, се работи за Кристобал, синот на Николас Бауер, братот на Хоуп и Паз кој не беше дел од третата сезона на серијата. Кристобал го гледавме во првите две сезони, тој беше дел од детската екипа на серијата, но откако во третата сезона главните ликови преминаа неколку години во иднината, Кристобал беше само споменуван, но не и физички присутен.
Сега, Кристобал се враќа како сопруг на Луз и објаснува како тој сфатил дека оваа Луз е всушност Луз од минатото, сестрата на Сиело којашто долги години живееше заклучена во подрум.
Крис Манев | ТВ Пакет