Aнглиската соул ѕвезда Џон Њуман во раните утрински часови пристигна во Скопје. Еден од најпопуларните музичари на денешницата ќе го промовира новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо. Имено, вечерашниот концерт ќе биде со продукција и тоа на ист ранг како онаа за вчерашниот концерт на Enrique Iglesias.
Моќниот соул вокал стои позади некои од најголемите хитови на денешницата како што се: „Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“, „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“, најновата „Give Me Your Love“ на која соработува со Nil Rogers и Sigala, како и соработката со Rudimental со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“ или ултрапопуларната „Blame“ со Calvin Harris со која ги освои светските топ листи. Сите синглови заедно бројат речиси милијарда прегледи на YouTube, додека во последниве две години, Newman продаде 1.3 милиони примероци само во Велика Британија.
Пред концертот на Њуман, ќе настапат Даниел Кајмакоски и групата Eye Cue.
Покрај Скопје, John Newman ќе биде главен headliner на фестивалите Belgrade Calling (22.06) и Zagreb Calling (23.06), исто така во организација на Авалон продукција.