Почетна / МК Сцена / Анџелина Џоли, Рики Мартин, а сега и наша Дани!

Анџелина Џоли, Рики Мартин, а сега и наша Дани!

 

На покана на кралицата Нур, Дани го отвора „Детскиот Арапски Конгрес“

Дани деновиве замина за Јордан/Аман, каде свечено ќе го отвори традиционално најпознатиот и најголемиот детски конгрес „Arab Children Congress“. Имено, на самото отворање, Дани во својство на Y-Peer Амбасадор на глобално ниво, ќе добие златна плакета, лично од кралицата Нур, за најзините заложби, активности и несебична инволвираност во едукација на младите како и поддршка на младиот арапски свет во донесувањето одлуки и активно учество во општеството.

 

 
Дани последните две години беше фокусирана на реализацијата на бројните проекти, посетуваше тамошни училишта, разговараше со активисти од Y-Peer мрежата, споделуваше искуства, настапуваше со свои и заеднички песни направени со музичари од тој регион.

„По седум години амбасадорство во глобалниот проект за млади кој се однесува на едукација на децата за донесување на одлуки и активно учество во општеството, на покана на кралицата Нур свечено го отворам овој голем конгрес и го заокружувам моето учество во Y-Peer мрежата“, вели Дани.

Оваа значајна плакета ја имаат добиено амбасадорите на добрата волја како Анџелина Џоли, Рики Мартин и бројни тамошни познати лица. По враќањето од Јордан, следува концертен настап на отворањето на големиот Пиво Фест во Прилеп во јули 2013. Дани во меѓувреме заедно со својот авторски тим подготвува сингл и албум за наесен.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!