Дејството на индиската хит серија „Огнови на љубовта“ којашто требаше да заврши во месец август, се преместува 20 години подоцна откако актерката Анкита Локханде, што го толкуваше главниот лик Арчана, одлучи да не ја напушта серијата!
Иако се шпекулираше дека Арчана целосно ќе биде отстранета од приказната со тоа што нејзиниот лик беше доведен во тешка здравствена состојба, односно падна во кома, сепак таа се „врати“ од мртвите и остана во серијата. Но скокот од 20 години ќе однесе многу актери, односно многу од нив ќе ја напуштат серијата.
Шакти Арора кој го глуми докторот Онир, Ритвик Данџани (Арџун), Аша Неги (Пурви) и Шрути Канвар (Ови) веќе нема да бидат дел од серијата. Актерката Џаи Мустафа (Пуни) исто така ќе им се придружи на оние што ќе си заминат оправдувајќи се дека дека веќе не сака да глуми негативец. Оние кои ке продолжат да снимаат за серијата се Анкита Локханде (Арчана), Хитен Теџвани (Манав) и Мириналини Тиаги (Теџу). Приказната ќе го прикаже растењето на Пари (ќерката на Арџун и Пурви), додека пак Теџу ќе има нов карактер спротивен на неа и Арчана и Манав ќе станат баба и дедо. Серијата ќе добие сосема нов кастинг.
Баже Николоски | ТВ Пакет