Почетна / Забава / Евровизија / „Бабушките“ ќе градат храм од парите од наградата

„Бабушките“ ќе градат храм од парите од наградата

„Бабушките“ што на овогодинешното издание на „Евровизија“ направија вистински спектакл со својот прекрасен настап и го освоија второто место, изјавија дека целиот приход од наградата ќе го вложат во изградба на селска црква во селото Бураново, од каде што потекнуваат.

 

 

Русија своите „бабушки“ ги прогласи за национални херои, а еден од главните мисионери на Московската патријаршија изјави дека нивната победа ја покажала силата на православието на расхристијанизираниот свет. Селото од каде што доаѓаат овие баби брои 680 жители. Некогашниот храм Света Тројца го затвориле советските власти во далечната 1939-та година и тој е целосно руиниран, затоа „бабушките“ ќе се погрижат тој да биде обновен.

 




Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!