Третата сезона од турската хит серија „Величествениот“ не престанува да ги изненадува гледачите. Откако на актерската екипа им се приклучија Џансу Дере, Сабина Ајрула и Дениз Чакир, ред е да се врати и Бурак Озџивит. Популарниот лик Малкочоглу повторно ќе биде дел од „Величествениот“ и тоа веќе од утревечер. По смртта на Ибрахим-паша ќе настанат многу интересни ситуации во харемот, веќе во новата епизода и Шах-султан ги покажува забите.
Крис Манев | ТВ Пакет