Целиот Балкан вечерва и се поклони на Елена Ристеска во осмата епизода од новата сезона на најпопуларното шоу „Твоето лице звучи познато“.
Таа имаше задача да ја имитира Есма Реџепова со изведба на македонската песна „Зајди, зајди, јасно сонце“. Тања, Јелена и Бане се расплакаа, но и останатите во шоуто оваа изведба ја доживеаја многу емитивно. Специјалниот гостин во жирито Иван Босиљчиќ за нејзиниот настап искоментира дека кога мисли на Македонија, ова е тоа. Маската на Есма Реџепова беше феноменална, а изведбата на нашата најубава песна ги фасцинираше сите. Браво Елена!
Во текот на нејзиниот настап на социјалните мрежи Македонците изразија само задоволство, Елена Ристеска уште еднаш не направи горди Македонци. За кратко ќе ги објавиме и најдобрите твитови на хаштаг #тлзп .
Следната недела во истиот термин на Сител телевизија следува деветтата епизода од ТЛЗП.