Албанија во првото полуфинале со “Fairytale”
Албанија настапи за прв пат на Евровизија 2004 во Истанбул и заврши на одличното седмо место. Оттогаш нивното најдобро пласирано место е петтото на Евровизија 2012 со мистичната Suus на Rona Nishliu.
Учеството во Стокхолм го потврдија на 24 септември минатата година најавувајќи 54 по ред издание на нивниот традиционален музички фестивал Festivali i Këngës преку кој го избираат својот претставник за Евровизија од самото учество. Годинава тоа се оддржа на 25, 26 и 27 декември а од вкупно 30 песни отпеани во полуфиналињата, 22 настапија во завршницата каде победата и беше доделена на Енеда Тарифи и нејзината нумера Përrallë, која беше преработена и препеана на англиски јазик со наслов Fairytale чија премиера беше на 13 март годинава.
Енеда Тарифа е родена во Тирана, Албанија на 30 март 1982 година. Кариерата ја започнала на 42-то издание на Festivali i Këngës, a потоа уште еднаш има настапувано на истиот, во 2007 година каде што завршува десетта. Добитничка е и на наградата Çesk Zadeja Prize. Мажена е за музичарот Erjon Zaloshnja и има тригодишна ќерка Арија.
| ТВ Пакет