Денеска на пладне, во рамките на кампањата Успех, која естрадниот магазин „Backstage“ ја организираше по повод четвртиот роденден, се одржа коктел и врачување на наградите во просториите на новоизградениот Музеј на Македонската борба – Музеј на ВМРО.
Поканети беа петнаесетте личности коишто заслужија признание, но и пријателите и соработниците на естрадниот магазин. На коктелот, секако, се појавија и заштитните лица на кампањата. Бекстејџовци ги отворија вратите на музејот, и со насмевка ги пречекаа своите гости. Овој роденден беше прославен на специфичен начин. Наместо да го величат само својот очигледен успех, екипата од зад сцената го славеше и успехот на останатите. Нека им се множат успешните години! Во новото издание на магазинот вечерва по „Малечката невеста“ на Сител погледнете кој се беше награден.
Крис Манев | ТВ Пакет