Oд денеска во продажба се билетите за престојните концертни спектакли на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
2. август – петок, Дојран – Паркинг Гранит
3. август – сабота, Охрид – Стадион Билјанини извори
Билетите се продаваат преку продажната мрежа на Купи карти за се и МК Тикет, Југотон, Камарад Рамстор, цвеќара Розе веро 2, и низ Македонија во локалните кафулиња, трафики и плоштади. Билетите исто така може да се набават онјалн преку сервисот на Купи карти за се и МК тикет.
Првите 2000 билети за двата концерти се по ексклузивна цена од 450 денари. За концертот во Охрид, којшто ке се одржи на стадионот Билјанини Извори, билетите за трибините (за седење) се по 600 денари. Концертот во Дојран, ке се одржи на Паркингот Гранит, веке добро познат и адаптиран простор за одржување на вакви настани. ВИП билетите и за двата концерти се по цена од 1000 денари. ВИП делот се наоѓа близу сцената, и во тој дел ке бидат наместени сепареа и високи маси, за сите оние коишто ке имаат ВИП билет или ке сакаат да направат резервација.
Жељко Јоксимовиќ за неколку дена ке ја промовира својата најнова песна, која со сигурност ке биде голем хит. Песната е готова, се чекау ште на текстот. Специјалните гости коишто ке настапат на концертот ке ги откриеме благовремено.
| ТВ Пакет