Почетна / Забава / Евровизија / БиХ на Евровизија. Триминутно задоволство!

БиХ на Евровизија. Триминутно задоволство!

42/42

 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Изведувач: Maya Sar
Песна: ‘Korake ti znam’
2 Полуфинале (24/05/2012)

 
После ужасот од Сан Марино можеме малце да уживаме во три минути квалитетна музика. Со оваа песна всушност и го затворам официјално презентирањето на песни на овогодинешната Евровизија. Босна и Херцеговина без сомнеж е една од моите омилени нации на овој музички настан. Тие секоја година се различни, иновативни и перфекционисти. Интересно е да се спомене дека првобитниот избор за БиХ беше Хари Мата Хари со словенската песна на Грајиќ „Верјамем“. Сега, откако таа песна е исполнета од Ева, јас сум среќен што тие ја промениле одлуката. Маја Сар е одлична музичарка, има сјаен глас, а и одлично свири на клавир. Таа изјави дека на сцената во Баку ќе се појави сама со клавирот, што е еден голем плус од мене, бидејќи така целото внимание ќе биде концентрирано на нејзината извонредна песна. На почетокот мене ова ми беше навистина просечна песна, досадна, чекајќи песната да добие некое побрзо темпо, подоцна сфатив дека баш напротив тоа е необичното што ја прави оваа песна посебна. Босна по осми пат без ниту едно промашување, повторно оди во финале, и тоа сигурно!

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!