Почетна / МК Сцена / Боби Мојсоски со успешен рок концерт во Минск

Боби Мојсоски со успешен рок концерт во Минск

 

Победникот на овогодишното издание на интернационалниот фестивал „Славјански Базар“, нашиот Боби Мојсоски, минатата недела беше дел од големиот  рок концерт „Smoke on the water“ во главниот град на Белорусија – Минск, каде во Дворецот на Републиката настапи заедно со Претседателскиот Оркестар на земјата.  На големиот спектакл беа изведени најпознатите рок хитови од 80 и 90-тите, а пред преполната сала Боби се претстави со седум рок хитови: неговата „Ќе нема следен пат“ „Always“ од Bon Jovi, „Sweet Child O’Mine“ на Guns N Roses, „Still haven’t found what I’m looking for“ од U2, „Show must go on“ на Queen, а „We will rock you“ од Queen и „Smoke on the water“ на Deep Purple ги изведе во дует со Белорускиот евровизиски претставник Георги Колдун.

 

 

„Задоволството да настапам на еден ваков голем настан со музика која и самиот приватно ја слушам беше огромно. А чувството да се настапи пред толкав број на публика, со Претседателскиот Оркестар составен од врвни музичари е неописливо“, вели Боби.

На рок спектаклот во Минск на кој настапија најголемите руски и белоруски музички ѕвезди,  Боби Мојсоски беше единствениот претставник од Македонија.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!