Божиќна честитка со “Вечниот бог”
На иницијатива на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, композиторот Владимир Димовски, кој е и голем пријател на манастирот, направи оркестрација на традиционалната божиќна песна „Вечниот Бог“, со што за првпат овој карактеристичен напев беше прилагоден за инструментална изведба. Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Стефан од “Некст Тајм” и Димитар Андоновски во соработка со Македонската филхармонија, ја исполнија оваа прекрасна композиција, истовремено и честитка за македонскиот народ за овој голем христијански празник.
“За подготовката на спотот се погрижи Горила Продукција, чијашто екипа со голем ентузијазам во текот на само два дена направи еден чудесен приказ на празничната божиќна атмосфера во свештената Бигорска Обител, како извонредно надополнување на пораката за љубов и духовна радост што извира од стиховите. Дел од костимите кои ја надополнуваат божиќната атмосфера, ги изработи долгогодишната соработничка на Бигорскиот манастир и верна пријателка, Елена Пандева од модната куќа Елена Лука”, се вели во соопштението од Бигорскиот манастир.
Дани | ТВ Пакет