Српските медиуми постојано пишуваат дека македонскиот шоумен Боки 13-ка не смее да се врати во Србија оти бил премногу должен, но тој сепак најде начин да отиде во соседството и да се дружи со српскиот ракометен голман Дарко Станиќ. Преку својот Фејсбук профил Бојан Јовановски се пофали дека се чувствувал мошне сигурно во неговите раце.
„Јас и вистински министер за одбрана – Станиќ. Секој би се чувствувал сигурно во неговите раце. Горд сум што на Балканот постојат вистински и неисфолирани мажи“, напиша тој и предизвика различни реакции и коментари. Кога го прашаа како се нашол во прегратката на популарниот голман тој одговори: „Го запознав Станиќ и може да кажам дека е супер момче. Задоволство ми е да се дружам со таков човек“.
Chris | ТВ Пакет