Боки порача: „Бакнете ми го задникот“
Боки 13-ка со новата провокативна и перверзна фотографија штотуку ги „потхрани“ своите хејтери, односно им даде материјал дополнително да плукаат по него.
Имено, тој облече танга гаќички, го истакна својот задник и направи фотографија од тој несекојдневен момент. До фотографијата што ја објави на својот Фејсбук профил тој напиша:
„ОК…Еве, сакавме хаос, еве ни хаос. Нека гори се, нека пукнат душманите…А сега јас отидов на спиење, добра ноќ. П.С – Хејтерите можат само да ме бакнат во она што најдобро се гледа на фотографијата“, а потоа следуваа низа негативни и позитивни коментари.
Ivana T. | ТВ Пакет