Популарниот пејач Бојан Маровиќ преживеал тешка сообраќајна несреќа при враќање од концерт во Македонија. Во близина на Бујановац тој изгубил контрола врз својот џип и излетал од патот.
„Сеуште не можам да си дојдам на себе. И гледав на смртта во очи. Милиметри недостасуваа да се забијам во бетонска бандера. За среќа не се превртев, а тоа благодарејќи на автомобилот кој е опремен со милиони системи на заштита. Не знам што се случи, го стегнав воланот, како вечност траеше додека автомобилот не застана во ливадата. Треперев од страв, се отвори воздушното перниче и поминав без гребаница“, изјавил тој.
Полицијата реагирала брзо и пристигнала на местото на несреќата. Проверено е дека пејачот немал ни капка алкохол во себе, а не се пожалил ниту од замор, бидејќи од Македонија, како што вели, тргнал одморен. Маровиќ истакнал дека слушнал оти местото на несреќата било проколнато, таму порано се случувале многу слични сообраќајни несреќи.
Ivana T. | ТВ Пакет