Откако полицијата заклучи дека смртта на Витни Хјустон е несреќен случај, објавена е снимката на која што се слуша како е повикана Брзата помош од хотелот во кој пејачката се наоѓала таа кобна ноќ.
Брзата помош ја повикал човек од обезбедувањето на хотелот Беверли Хилтон, а во јавувањето тој објаснува како Витни Хјустон, иако не ја именува, не дишела и дека не е сигурен дали таа е жива. Истакнува и оти не е сигурен дали таа паднала во кадата полна со вода или со намера влегла во неа. Спомената е и жената која го пронашла телото на Витни, таа била избезумена и постојано ја прекинувала телефонската врска.
Полицијата во средата го заклучи овој случај и смртта на пејачката ја прогласи како случајна.
Martin M. | ТВ Пакет