Поддршката што Калиопи ја добива постојано се зголемува. Бугарката Софи Маринова прати порака до сите нејзини фанови и сите Бугари да гласаат за своите соседи Македонци.
Веднаш по завршувањето на втората полуфинална вечер, во јавување во живо на бугарската телевизија Канал 1 таа повика: „Гласајте за Калиопи!“. Љубовта што Софи ја искажа кон својата пријателка Калиопи е неизмерна. Маринова е радосна што учествувала на овој фестивал, меѓутоа евровизиските фанови не се баш задоволни со тоа што Бугарија не влезе во финале, бидејќи „Love Unlimited“ беше еден од фаворитите.
Ivana T. | ТВ Пакет