Речиси да нема проект што во Турција може да се носи со рекордите кои ги оствари серијата “Бурни времиња” која наскоро ќе ја гледаме на Сител. Благодарение на овој проект сега и продукцијата што стои зад него е прогласена за најуспешна за минатата телевизиска сезона.
Најгледаната турска драма “Бурни времиња” (Öyle Bir Geçer Zaman Ki) е прогласена и за најуспешна турска продукција за сезоната 2010-2011 година. Овој епитет докажува дека серијата ги урна сите досегашни рекорди на гледаност во земјите каде е емитувана. Благодарение на овој успех, но и успехот на останатите сериски изданија кои и припаѓаа на минатата сезона, сопственикот на продукцијата TIMS, Тимур Шавчи, оствари заработка од 1,85 милиони американски долари, што во неговата продукција донесе статус на најуспешна продукциска куќа во Турција за минатата сезона.
Зошто оваа серија во толкава мера ги освои срцата на гледачите?! За сите оние кои се прашувате, ние имаме краток синопсис за успешната драма.
1967-ма година… Морнарскиот капетан Али Акарсу минува долго време далеку од својата фамилија. Во меѓувреме неговата сопруга Џемиле се грижи за нивните четири деца. Таа ја презема улогата на татко и на мајка на своите деца додека нејзиниот сопруг е на патување. Бурата доаѓа кога Али ќе се вљуби во млада и убава девојка…
Chris | ТВ Пакет