Многу музика со скопската Скај Нет за време на празниците
Скај Нет телевизија за време на новогодишните празници ќе понуди многу музика, многу забава, многу филмови, а на програмата редовно ќе се емитуваат и сериите “Првата дама” и “Крадец на срца”.
Во продолжение ви прикажуваме слики од специјалната новогодишна емисија на Скај нет, снимена во ресторанот “Два еленa”.
Дел од пејачите се и неизбежните новогодишни ТВ лица како Новица и Тања, Даниела Темелковска, Сани, Наум Петрески и многу други.
Освен специјалната прослава во ресторанот “Два Елена”, Скај Нет телевизија има снимено и неколку музички шоуа со повеќе бендови кои ќе ве забавуваат со песни од српската и македонската естрада.
Подгответе се и за оро заедно со Екстра Бенд.
Тука се и Милениум и Енерџи бенд со чии звуци ќе ја доживеете новогодишната ресторанска атмосфера преку фреквенцијата на Скај Нет.
Дани | ТВ Пакет