Почетна / Забава / Вест и Мелита во војна!

Вест и Мелита во војна!

 

Се започна кога весникот “Вест” објави фотографија од Мелита Ракичевиќ направена на една манифестација. Тие до фотографијата напишаа: “Се здебелив оти остарев”, а на тој наслов водителката веднаш реагираше и побара јавно извинување, оти според неа, некој аматер намерно и ја фотошопирал фотографијата, и ја зголемил раката и телото.

 

Фотографијата што ја објави “Вест”

 

Сметајќи дека некој работи против неа, и да ги убеди во нејзината убавина, Мелита до менаџментот на “Медија принт Македонија” (МПМ) испратила фотографија од себе на истата манифестација. Таа нагласи дека ниту остарела, ниту се здебелила, туку напротив, редовно вежбала и се одржувала во форма по опуштеноста од зимата. Текстот во “Вест”, според неа, е нечија конструкција за да се уништи нејзиниот имиџ на негувана жена, кој со години го градела.

 

Фотографијата што ја испратила Мелита за да докаже дека е убава и не е остарена и здебелена

Подолу е целиот текст што Мелита го испратила, а е објавен на интернет порталот на “Вест”.

“Претпоставувам дека ја видовте насловната страница со мене, на која и јас лично едвај се препознав, но тоа и е целта – да се издеградира мојот из­глед максимално, а наедно и да ми биде уништен имиџот на негувана жена, кој со години го градам и вложувам многу труд и време. За да би­де сето тоа пострашно и повулгарно, ставен е наслов во прво лице еднина ‘Зде­бе­ле­на сум зашто остарев’. Кој нормален тоа би го изјавил за себе? Рака на ср­це, не можам да сфатам која е целта на ваквата насловна страница. Фо­тог­ра­фи­ја­та ми е неверојатна. Или е доработена со фотошоп и се про­ши­ре­ни раката и телото, што многумина го коментираат, или тој што фо­тог­ра­фи­рал е аматер. Немам идеја, освен дека е језива, и тоа не сум јас”, пи­шу­ва Мелита во нејзината реакција до менаџментот на МПМ.
“На новинарката и` кажав дека можеби таков впечаток добиле од фус­та­нот, но јас си вежбам, се одржувам и се враќам во форма поради опуш­те­нос­та од зимата. Излегува насловната страница, јас се шокирам, како и по­ла Македонија, никому не му се верува, пред сè, од фотографијата, а од нас­ло­вот сите се згрозени. Во оваа ситуација јас сум јавно понижена, изиг­ра­на и уништена, без причина или со причина, која или некој ја нарачал или е чиста злоба во прашање. Преку ова никогаш нема да преминам. Јас цел жи­вот работам, 18 години сум ТВ-лице, поим сум за средена жена, и ваков ис­пад не планирам да проголтам. Нарушен ми е угледот, пласирани се ла­ги и невистини, како и констатации кои се релативна работа, и затоа Ве мо­лам, како личности што се на повисоки позиции и, секако, на друго ниво раз­мис­лу­ва­те, овие луѓе да ги санкционирате на Ваш начин. Она што јас ба­рам е јавно извинување, објавување на нормална фотографија, текст кој ќе го авторизирам. Ако не преземете ништо Вие, тогаш јас правно ќе ре­а­ги­рам. Да не споменувам што ми е нарушено здравјето од оваа злобна и тен­ден­ци­оз­на, и ни најмалку основана насловна страница”

Стручниот колегиум на “Вест” направил анализа на фотографиите на Ракичевиќ, и по долга дебата и консултации со естети, уредници на фотографии, стилист, компјутерски инженери, адвокати и психијатри, како што велат тие, одлучиле да се објави нејзината реакција со наслов: “Извини Мелита, убава си.”

Оваа реакција на водителката ги натера “Вест” да ја отворат својата богата архива и да погледнат што крие таа. Па така објавија стари насловни страници. Едната е онаа за наводната швалерска афера на водителката, кога сопственичката на скопски салон за убавина ја истепала Ракичевиќ во влезот од зградата каде што, наводно, се гледала со нејзиниот сопруг. На другата објавена насловна страница е наведено дека сопственичката на салонот открила оти Ракичевиќ им играла на свадба, наспроти тоа што водителката изјавила дека жената што ја нападнала е непозната.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!