Почетна / Серии / Вечерва веднаш по „Сила“ стартува „Збогум Румелија“

Вечерва веднаш по „Сила“ стартува „Збогум Румелија“

 

ВЕЧЕРВА ВЕДНАШ ПО „СИЛА“ НА СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА
СТАРТУВА „ЗБОГУМ РУМЕЛИЈА“

 

 

„Збогум Румелија“ е турска комична серија, која е снимана во Битола, Охрид и мариовските села Маково, Орле и Ореово. Копродуцент на серијата е македонската продукција Сектор филм. Во серијата се зборува на архаичен турски јазик, соодветен на времето во кое се одвива дејството. На сетот на снимањето на серијата во Битола, била присутна и Министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска која за снимањето на серијата изјави „Чест е што екипата од Турција вложува во Република Македонија и за почит се вложените средства во висина од околу осум милиони евра.

Посебно е значајно што се ангажирани седумдесеттина лица од земјава и токму затоа ќе продолжиме со сестраната поддршка на овој проект“. Овој турски проект е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Заводот за заштита на спомениците на културата, НУ Завод и музеј Охрид, како и од Општините Битола и Охрид.

Дел од актрската екипа на серијата се и голем број на имиња од Турскиот театар во Скопје како што се Филиз Ахмет, Билјана Јовановска, Ерман Шабан, Бедија Беговска, Сузан Акбелге, Салаетин Билал, Ељеса Касо, Мустафа Јашар, Зекир Сипахи, Луран Ахмети, Перихан Туна и Петар Мирчевски од Битолскиот театар. Освен македонските актери, во серијата биле вклучени и многу Битолчани како статисти, а пак турските актери, техничари и монтажери две ипол години живеле и се забавувале во Битола. Самите локации каде што се снимаше привлекоа и многу турски туристи да дојдат и да ја посетат Битола.

 

 

Содржина:
Во 1899 година, Отоманската Империја веќе ја губи својата надмоќ на Балканот, а нејзиното распаѓање, по 500 години владеење, се одразува врз животот и судбината на народот од различен етнички состав што живеел на овие простори, кои турската администрација од тоа време ги нарекува Румелија. Приказната е сместена во близина на Битола и го следи животот на сиромашниот турски селанец – млекарот Рамиз и неговото семејство. Како што Османлиската империја се повлекува од Балканот, така и Рамиз е принуден да ги напушти румелиските простори и старото огниште, да биде преселен, за да продолжи понатаму. Тоа е едно хармонично семејство каде владее доверба и слога, а сите заедно се борат да преживеат во тие тешки времиња. Рамиз живее со сопругата Фатма и петте ќерки во едно македонско село, а негова најголема желба е да најде соодветни зетовци за неговите ќерки. Хатиџе е најстарата ќерка на Рамиз. Таа е во врска со Хасан, кројачот од селото, а пак неговата помлада ќерка Зарифе го запознава учителот Алекс и е подготвена да се омажи за него, иако доаѓаат од различни социјални класи. Неговата средна ќерка Вахиде го запознава докторот Мустафа кој е пребеган од полициската рација во Истанбул и се крие во Македонија.

Животот на семејството на Рамиз нема да биде розов, нив ги чекаат бурни времиња, период на миграција и адаптација на новиот живот.

Улоги: Erdal Özyağcılar (Рамиз), Şebnem Sönmez (Фатма), Gülçin Santırcıoğlu (Хатиџе), Hande Subaşı (Вахиде), Filiz Ahmet (Зарифе), Erman Saban (Кајмакан)

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!