Гласајте за Дарко да биде финалистот на Големиот брат
Вечерва со почеток во 21 часот започнува полуфиналето на најголемото реално шоу во светот “Големиот брат”. Балканската верзија на шоуто своето финале ќе го има следните петок и сабота кога ќе се дознае кој е победникот кој ќе си замине со 100.000 евра награда. Единствени потврдени финалисти кои ќе се борат за победа се Барбара и Зорица, кои минатава недела беа номинирани од страна на Горан, кој мислеше дека се работи за вистински номинации. Но, и тука Големиот брат излезе непредвидлив и всушност тие две се единствените сигурни за кои вечерва нема да се гласа.
Сите останати, меѓу кои и нашиот Дарко ќе се борат за влез во финале. Публиката е таа која одлучува кој од Тина, Ервин, Мика/Гиба, Рада, Горан и Дарко вечерва ја напушта куќата, на само една недела пред крајот. За да го зачуваме Македонецот и да го пратиме директно во финале, гласаме на бројот 149 399 со испраќање на текст порака VB (празно место) 6, односно VB 6.
Вечерва станарите за прв пат ќе излезат и надвор од куќата, односно ќе ги изведат подготвуваните кореографии за неделната задача пред публиката во живо пред куќата. Преносот во живо започнува во 21 часот на Сител 3 телевизија, а во 22 се преместува на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет