Почетна / Сапуници / Вечерва на Сител започнува серијата со Шехерезад

Вечерва на Сител започнува серијата со Шехерезад

 

Нова турска серија на Сител за ова лето

 

 

За време на летните горештини, Сител телевизија ќе емитува нова серија од земјата на контрастите со добропознатата глумица која ја толкуваше улогата на Шехерезад во “1001 ноќ”, а сега ја толкува улогата на судијката Фериде во “Карадај”. Во новата серија, таа е во нова игра на животот, таа е во болна игра на судбината во која трагедиите од нејзините детски игри ќе направат длабоки лузни на нејзиното срце, а кошмарот од нејзините детски денови ќе се претвори во кошмар на една несреќна жена.

 

Серијата започнува вечерва, по завршувањето на “Карадај”. Наскоро на програмата на Сител започнува и српската серија “Шеширот на професорот Вујиќ”.

Содржина:
Фераје е убава, паметна и чесна девојка во темниот свет на лагите, злобата и омразата. Таа не верува во добри денови, во добри луѓе и во чуда. Нејзиниот свет се срушил кога на 15 години била силувана и родила син кој татко и и го одзел и го продал на богата фамилија. Потоа, насилно ја избркал ќерката од дома поради изгубената чест на семејството. Од тогаш се поминати осум години, а Фераје не престанува да жали по синот и единствена цел во животот и е да го пронаде своето дете. Заработува така што пее во еден ноќен клуб, а еднаш за да заработи повеќе пари, ќе мора да прифати вечера од богат бизнисмен на неговата луксузна јахта. Но таму, Фераје доживува непријатно изненадување од господинот кој ја плати и затоа ќе мора да избега, па се фрла во морето.

 

Од морето ја спасува Јаман, млад и богат човек кој по смртта на татка си, го превзел семејниот бизнис. Таа ноќ засекогаш ќе ги смени животите на Фераје и Јаман. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но таа љубов станува забранета. Од една страна се тајните на Фераје за нејзиното минато и работата како пејачка, а од друга страна е семејството на Јаман кое не сака да ја прифати Фераје за снаа. Но токму во тоа семејство се крие она што Фераје долги години го бара. Нејзиниот син.

Улоги: Bergüzar Korel (Фераје), Bülent İnal (Јаман), Nurşim Demir (госпоѓа Захиде), Tuncer Salman (Сервет), Celil Nalçakan (Неџип), Beyza Şekerci (Дилара)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!