Почетна / МК Сцена / Вечерва првиот од серијата концерти на Каролина

Вечерва првиот од серијата концерти на Каролина

 

Серијата од пет концерти на Каролина Гочева почнува вечерва во 21 часот во Македонската опера и балет. Познатата пејачка на публиката ќе и ги претстави песните од албумот „Македонско девојче 2“.

 

 

Каролина ќе настапи со музичарите со кои ги сними песните, што за неа ги напиша Никола Мицевски. Тимот, е подготвен за вечерашниот концерт, а како што велат и на пробите било весело и распеано. Публиката веќе ги знае „Чалгиска“ и „Две лири“ од новиот албум, но ќе ги слушне и: „Кој да ми запее“, „Вези, вези“, „Сакам да не те сакам“, „Смеј ми се смеј“, „Ќе пијам љубов до крај“, „Сон“, „Те видов и се заљубив“, обработката на „Ако згрешам нека изгорам“, но и некои нумери од албумот „Македонско девојче 1“.

Организаторите, „Авалон“ продукција велат дека три до петте закажани концерти се распродадени. Со секој купен билет посетителите ќе го добијат и новиот албум, „Македонско девојче 2“, кој ќе се може да се купи низ цела Македонија на 25 февруари.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!