Почетна / Телевизија / ВИДЕО | Адам по втор пат ја освои Цеца, за неа тој пее слатко и секси

ВИДЕО | Адам по втор пат ја освои Цеца, за неа тој пее слатко и секси

 

Вака Адам ја изведе песната на Саша Ковачевиќ

 

 

Долгокосиот Македонец Адам Лабунски се пласираше во третиот круг на српското музичко шоу “Пинк ѕвезди”. Адам во првиот круг се претстави со песните “Имам љубав али коме да је дам” и “Тајно моја” со што ги освои членовите на жирито. Вчеравечер, тој се бореше за влез во третиот круг и успеа во тоа.

 

 

Најпрвин соло ја испеа “Браним” од Саша Ковачевиќ со што ги доведе Цеца и Марина Туцаковиќ во транс додека го слушаа. За неговото пеење Цеца кажа дека е многу слатко и секси. Мирослав Илиќ знаеше дека Адам потекнува од музичко семејство на што искоментира ,,Подобар си од татко ти.”.

 

 

Адам се издвои и додека ја пееше “Лажу да време лечи све”, која ја пееше заедно со уште тројца кандидати. Неговите настапи и коментарите на жирито ќе ги гледате на Сител телевизија во сабота во 21 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!