Антониа како Џенифер Хадсон во финалето на Ѕвездичките
Антониа Гиговска од Скопје е македонската Пинкова ѕвездичка која се izбори за влез во суперфиналето. Во финалето на шоуто во кое се одредија десетте суперфиналистите, нашата Антониа повторно фасцинираше на сцената на Пинк.
Таа се претстави со песна од Џенифер Хадсон и звучеше и изгледаше како вистинска музичка дива.
– Ти си единствена пејачка во ова шоу која има совршена техника на пеење и совршен глас. Пееш без грешка. Се почувствував како на доделување на некои награди. Секоја ти чест! – беше коментарот на Леонтина по настапот на македонската кандидатка, а кон тој коментар се придружија и согласија сите во жирито.
Мартија и Антониа се македонските идни ѕвезди и најголеми надежи. Затоа мора да им обезбедиме висок пласман и победа во шоуто на малите но големи ѕвездички. Линиите се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за нив на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C13 – за Антониа Гиговска
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ
Дани | ТВ Пакет