Времето минува, растеме сите, растат и тие, оние кои докажаа дека можат да бидат поинакви и да опстојат како такви!
Браво „Бекстејџ“, ТВ Пакет ви ја честита шестгодишнината од постоењето на медиумскиот простор како екипа која секогаш победува, а ова браво е за извонредната кампања Може и поинаку која навистина воодушевува.
Видеа и фотографии со мистериозен печат станаа хит на социјалните мрежи. Јавни личности застанаа да продаваат цвеќиња, костени и книги, не само за да бидат дел од кампањата на „Бекстејџ“ по повод 6-от роденден, туку и да докажат дека навистина може поинаку. Видеото е во прилог.
Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ роденденот и оваа година ќе го прослави во Музеј на ВМРО со блиските соработници и пријатели. Се очекува гламур, убави луѓе и емоции… емоции на лицата на Марија, Габи, Јулија, Миа, Симона и Емилија, оние најзаслужните за успехот на овој проект. Во прилог се фотографиите од кампањата.
Крис Манев | ТВ Пакет